19 ГОДИШНИК ПЛАНИРАЛ ЗА НОВА ГОДИНА ДА “ПУКА НА ГОЛЕМО”? Полицијата му одзеде 3.000 петарди и останати пиротехнички средства

Сподели го ова:























На 20.12.2023 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Ф.А.(19) од Виница.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – информираат од МВР.



Сподели го ова:

Слични објави