Оваа среда во Прилеп! Четири добро познати ликови од “Солза и смеа” гостуваат во Прилеп со нивната најнова урнебесна театарска претстава
Прилепскиот “Весел театар” ви го претставува ова најновото комично шоу на “Солза и смеа” кои доаѓаат во Прилеп на 11.02.2026 во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, каде ПРЕМИЕРНО пред прилепчани ќе ја изведат нивната најнова претстава “Леле што ЧЕ ти напрам“, сала која исто како и минатите години, ќе биде претесна за да ги собере сите прилепчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови. Оваа среда во Прилеп доаѓаат четири добро познати ликови од “Солза и смеа” со нивната најнова урнебесна театарска претстава.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си купите во Кафетерија- Кафе ИН во цветната улица во Прилеп по цена 300 денари.


















