На 16 август во Крушево! Над 30 македонски уметници ќе бидат дел од караванот „35 години Независност“

Сподели го ова:





























КРУШЕВО, ВРЕМЕ Е ЗА „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“

На 16 август, Крушево ќе биде дел од караванот „35 години независност“ со музичко-сценски настан исполнет со македонска музика и познати изведувачи. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

📅 16 август | 20:30 часот

📍 Плато Гумење – Крушево

Влезот е слободен!




Сподели го ова:

Слични објави