МВР за 5 часа во Прилеп казни 19 возачи на мотоцикли
Во текот на вчерашниот ден (17.08.2023) во период од 15.00-20.00 часот на подрачје на Прилеп спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 19 возачи.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – информираат од МВР.