Верниците во Австралија со радост го пречекаа Владиката Никола – првата литургија со новиот Владика ќе биде за Цветници

Сподели го ова:





























Владиката со мирен – кроток поглед и ангелско смирение, Митрополитот на Австралиско-Новозеландската Епархија, г. Никола, пристигна во Австралија пред два дена, а свечениот пречек беше одржан во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Мелбурн.

Владиката Никола, својата прва Света Архиерејска Литургија ќе ја служи на празникот Цветници, на 05 април во 08:30 часот, во соборниот храм „Раѓање на Пресвета Богородица“.

Се покануваат сите верници во Австралија да присуствуваат и молитвено да земат учество во овие богослужби.




Сподели го ова:

Слични објави