МВР излезе со детали за несреќата која се случи вчера кај Тополчани

Сподели го ова:






























На 28.02.2025 во 13.19 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот A3 Битола-Прилеп, кај надвозникот за с.Тополчани, товарно моторно возило „терберг” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С.(38) од Прилеп, излетало од коловозот.

По несреќата, возачот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.




Сподели го ова:

Слични објави