МВР ГИ ПРЕДУПРЕДИ ПРИЛЕПЧАНИ: Казна од 50 евра доколку не се почитува Законот на безбедност на сообраќајот на патишта

Сподели го ова:





























Во текот на вчерашниот ден (10.09.2022) во центарот на Прилеп од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп беше реализирана превентивна активност за поголема безбедност на пешаците, во чии рамки граѓаните кои управуваа велосипеди на места кои се наменети како пешачка зона, беа запознати со законските прописи од Законот на безбедност на сообраќајот на патишта, усно предупредени и им беа поделени летоци со едукативна содржина, со укажување дека казната за таков вид прекршок изнесува 50 евра согласно чл 96 ст. 5/7 од Законот за сообраќај.




Сподели го ова:

Слични објави