ЧЕСТИТ 8-ми МАРТ ДАМИ! Денес е меѓународниот ден на жената – 8 Март, денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите

Сподели го ова:























Денес е меѓународниот ден на жената – 8 Март, денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Осми март за Меѓународен ден на жената е прогласен од страна на Обединетите нации со цел да се одбележи улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.

Во правата на жените влегува и женското здравје на кое што треба многу да се работи. Тоа претставува состојба на емоционална, социјална, културна, душевна и физичка благосостојба  на жените која истовремено е детерминирана  од нивниот општествен и економски статус,како и од нивните биолошки карактеристики.

Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и на ментално здравје. Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба, како и за нивната можност да учествуваат во сите полиња на јавниот и на приватниот живот.

Сите заедно треба да работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивно изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на општественото живеење.



Сподели го ова:

Слични објави