МПЦ-ОА: Продолжуваат разговорите со Српската православна црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската Патријаршија

Сподели го ова:
























МПЦ-ОА се враќа во канонско заедништво, при што разговорите со СПЦ продолжуваат. Имено, САС на МПЦ-ОА, по вчерашната вонредна синодска седница истакна:

“САС на МПЦ – ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, за Патријаршискиот и Синодален акт за канонско и евхаристиско единство на нашата ерархија при што, прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет. Истовремено ја известуваме јавноста, дека продолжуваат разговорите со Српската православна црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската Патријаршија, која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања помеѓу двете цркви”- истакна САС на МПЦ-ОА по вчерашната вонредна синодска седница.




Сподели го ова:

Слични објави