Палчо добил голема сума на пари од Швајцарија по убиството – открива КОД
Како што открива КОД, Љупчо Палевски – Палчо – првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, при бегството од Македонија (уште пред да почне официјалната истрага во Србија) преку брз трансфер добил голема сума на пари од Швајцарија, а со тие пари живеел неколку дена во Србија, па потоа стигнал во Баликесир.
Врз основа на КОД, киднаперите имале добро утврден план и рута кои биле вежбани со денови, пред да биде грабнато девојчето.