МНОГУ ДЕЦА ЛЕГНУВААТ ГЛАДНИ: Донирајте за набавка на храна и хигиенски средства

Хуманитарната организација “св. Спас”, до сега помогнала на голем број семејства- онаму каде што било најопходно. Во прилог, Ви ја пренесуваме нивната објава, и Ве замолуваме истата да ја прочитате до крај, а доколку не можете да донирате, може да споделите, и тоа ќе биде од корист за некого. Нека допре овој апел до сите оние кои живеат во нашата земја и во странство, и сакаат и се во можност да донираат:
“Драги браќа и сестри, тешката состојба на многу семејства во Македонија од ден на ден постојано се зголемува. Секојдневно нѝ се јавуваат многу семејства на кои им е потребна помош, но ние колку и да сакаме, за жал не можеме да им помогнеме на сите затоа што нашите можности се ограничени. Но секако дека се трудиме и ќе продолжиме да се обидуваме да им помогнеме на оние на кои што помошта им е најпотребна.
Благодарение на сите вас кои постојано нѐ поддржувате, помагаме на голем број на семејства… Многумина од вас побараа да отвориме телефонски броеви за донација затоа што така секој би можел да помогне. Слушајќи ве и сакајќи да бидеме поблизу до секој од вас, решивме да го послушамe вашиот совет и денес отворивме броеви на кои можете да донирате со вртење на броевите
143 300 Т мобиле и
143 700 А1
каде со еден повик донирате 100 денари.
Вашата донација ќе биде употребена за набавка на храна и хигиенски средства и како и досега се ќе објавуваме јавно и транспарентно.
Ве замолуваме, свртите на броевите за донација и станете еден од многуте борци против гладот во Македонија!
Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие!!!” – се истакнува во објавата на Хуманитарната организација “св. Спас”,.
Во прилог следува и линк, кој што директно Ве носи до нивната официјална Facebook страна:
facebook.com/Хуманитарна-организација-Свети-Спас-1185384131621044