Утрово променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност
Денеска времето претпладне ќе биде променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност со температури до 25 степени.
До крајот на неделава, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Исклучок ќе биде во четврток, кога времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а дневните температури до четврток ќе опаднат за неколку степени.
Меѓутоа. веќе од петок ќе имаме пораст на температурите особено во деновите од викендот.