Со новото покачување на нафтените деривати се нарушува и животниот стандард на граѓаните, кое исто така ќе се пренесе и со покачување на сите крајни производи
Со новото покачување на нафтените деривати се нарушува и животниот стандард на граѓаните, кое исто така ќе се пренесе и со покачување на сите крајни производи кои ги користат граѓаните. Со покачување на дизелот за 10 денари и на бензините за 5.5 денари по литар ќе се зголемат и цените во транспортот на патници, стоки и услуги. Новите повисоки цени на горива се резултат на состојбата во Украина и ценовниот шок кој доаѓа. Владата под итно треба да преземе нешто за да спречи удар врз граѓаните. Нов ценовен шок за граѓаните, повторно удри директно по џебот на граѓаните. Од денес граѓаните плаќаат по 10 денари повеќе за 1 литар нафта. За да се спречи сето ова неопходно е Владата под итно да преземе конкретни мерки.