Детската градинка „Наша иднина“ – Прилеп нуди квалитетна образовна едукација, зачинета со многу љубов, грижа и внимание од страна на вработените кон нашите најмили!!!
Или сте ја посетувале како дете или сте ја посетувале како родител носејќи го Вашето дете тука, – но, секој од нас вака или онака, бил дел од детската градинка „Наша иднина“-Прилеп, која што постојано со голема љубов се грижи за нашето најголемо богатство – ДЕЦАТА!
А, кога станува збор за најмладите, за нивниот ран детски развој и грижата околу нив, раководството на градинката „Наша иднина“ вложува максимални напори создавајќи можности децата да имаат одлични просторно -материјални и хигиенски услови за квалитетен развој, да имаат квалитетен воспитно – образован кадар за да растат, да бидат креативни и да се развиваат преку игра и интеграција, да се едуцираат и да дружат за да се изградат во силни, воспитани и здрави луѓе.
Одењето во градинка е важен чекор за секое дете, но и за целото семејство. Детската градинка „Наша иднина“-Прилеп создава можности за поставување цврста основа за детското образовно патување, им обезбедува искуства на децата да растат и да се развиваат преку игра и интеракција, а исто така ги проширува и нивните знаења.
Градинките во Прилеп, денес се пријатно место за престој! Одлична можност, децата од предучилишна возраст да се дружат, социјализираат и развиваат благодарение на раководството на градинката со кое менаџира директорката Христина Трпческа која што години наназад е докажана личност во однос на успешно менаџирање и управување со прилепските градинки.