БРЕНД КОЈ НЕ ЗГАСНУВА! 29 години од формирањето на “Солза и смеа”
Овој петок се навршуваат 29 години од формирањето на “Солза и смеа”. Oсновачи на Солза и Смеа се Александар Димитровски, Дејан Пројковски, Зоран Талевски и Пеце Ристевски. Популарните “Солза и Смеа” на 07 февруари слават 29 години од првата претстава „Long Play“ од Горан Стефановски, во режија на Дејан Пројковски – еден од најпознатите режисери.
Моментално “Солза и Смеа” работат со полна пареа, при што каде и да се појават полнат сали низ цела Македонија со нивната НАЈНОВА урнебесна комедија. Каде и да настапат, публиката ги испраќа со громогласни аплаузи, а после завршетокот на претставите се слика со нивните омилени тв ликови. Во наредните 20 дена, тие ќе имаат околу 10 – тина настапи низ градовите во нашата земја, претстави за кои се бара билет повеќе!!!
