Мицкоски за ситуацијата со Бугарија: Кој може да ни гарантира дека уставните измени се последно барање?

Сподели го ова:


























Претседателот на Владата на нашата земја Христијан Мицкоски, одржа предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор. Пред присутните, зборуваше покрај другото и за тоа дека ние немаме гаранција за последно барање во разговорите со Бугарија.

Ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот, што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање? Во судот за човекови права во Стразбур, имаме 14 пресуди кои велат дека правата на Македонската заедница во Бугарија се повредени. И тука се поставува логично прашање, чии права се повредени – нагласи премиерот Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави