ТАРАВАРИ ИЗЈАВУВА: Дојде моментот да се отстрани „јазикот 20%”

Сподели го ова:
























Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, нагласи дека сега требало да се случи отстранувањето на „20%“ од Уставот, а наместо тоа да стоело изрично „албанскиот јазик“ . Таравари тоа го предвидува да се случи со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите како заедница која живее во нашата земја.

„Алијансата за Албанците, е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20%“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија” – оценува Таравари.




Сподели го ова:

Слични објави