Мицкоски бара од власта да каже каде ги потрошила парите од граѓаните од минатата енергетско – кризна состојба
Оптимизмот е дека ќе се набави јаглен, а не дека нема да имаме енергетска криза. А, не е оптимизмот по која цена, и од каде пари – порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Петровец, при што додаде:
“Еве сега да речеме повторно ќе дојде во Парламентот, закон со кој што вие граѓаните ќе се задолжите со 100 милиони евра. И ониe сега што сакаат да направат? Сакаат да прогласат енергетско кризна состојба за да можат овие 100 милиони евра при оваа набавка на јаглен, на мазут, и на останато, да ги трошат во четири очи, да ги крадат.
Нашиот став е ДА за енергетската кризна состојба но прво да видиме каде ги потрошија парите на граѓаните од минатата енергетско кризна состојба. И нема да го поддржиме овој заем од 100 милиони евра се додека не видиме каде отидоа парите на граѓаните.
Владата и владините министри се се побогати, а народот е се посиромашен. Додека не видиме каде отидоа парите ние нема да се согласиме ниту на нова енергетска кризна состојба, ако треба мерки за поддршка на стопанството подготвени сме како мерки да ги поддржиме, но не и да дозволиме Владата да биде на начин на кој што ќе ги краде парите преку условно кажано енергетско кризна состојба. И сега видете го вториот парадокс, првиот парадокс е го опљачкаа ЕЛЕМ, ЕЛЕМ кој што произведувал по 6 – 6 ипол терават саати, сега произведува помалку од 3 терават саати и како награда добија нова компанија со нови управни, со нови надзорни одбори која што треба да го врши затоплувањето на Скопје. Овие „способниве“ што ја уништија ЕЛЕМ сега треба да им дадеме во рака нови 100-тина – 200 милиони евра пари на граѓаните да ја доуништат новата компанија со нови управни, со нови надзорни одбори итн. Од прилика тоа е планот, и тоа е она кое што ни го нуди Владата, а нормално во јавноста пред граѓаните шири условно би рекол песимизам и позади завесата ги бројат провизиите од тендерите во четири очи. Тоа е суштината, а тоа ние нема да го дозволиме како ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција” – порача Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи заемот од 100 милиони евра, се додека власта не каже каде ги потроши парите од минатата енергетско кризна состојба.