УШТЕ ЕДЕН ЦИРКУС ВО ЗДРАВСТВОТО? Здравствена установа третирала пациенти, без за тоа да има дозвола од надлежните институции

Сподели го ова:























“ДЗСИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има. Државниот санитарен и здравствен инспекторат призна дека поликлиника работела без лиценца. Здравствена установа третирала пациенти, без за тоа да има дозвола од надлежните институции. Тоа неможе без дозвола од директорката на ДСЗИ Ирена Бухова и надлежните институции задолжени за контрола, кои сето тоа го одмолчеле.

Бухова, а со неа и Филипче претходно и Сали сега треба да одговорат како е возможно една клиника во центарот на Скопје да работи без потребните дозволи. Кој од власта и органите за контрола ќе сноси одговорност за тоа што здравствена установа работела без лиценца? Власта не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните. Одговорност мора да има” -истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Сподели го ова:

Слични објави