Градоначалникот Проданоски непрекинато работи на последниот неуреден простор од плоштадот Методија Андонов – Ченто, како и на поставување нова урбана опрема
Како што информиравме пред околу 10-тина дена, во Прилеп започна реконструкција и партерно уредување на дел од јавна површина од 2.100 м² – последниот неуреден простор од плоштадот Методија Андонов – Ченто, како и поставување нова урбана опрема.
Средствата во висина од 16.356.730 денари се обезбедени преку вториот Јавен повик за инвестиции во општините, поддржан од Владата на Република Македонија.
Со повеќе од 20 нови клупи, ново зеленило, корпи за отпадоци, декоративни елементи и уредување на постојните парковски делови, овој простор ќе добие целосно нов лик, функционален, уреден и естетски привлечен.
На ваков начин се создава пријатно и безбедно место за пешачење, дружење и секојдневен живот на прилепчани, но и достојна слика за сите посетители на нашиот град.


















