Меморандум за соработка помеѓу директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов и д-р Жан Митрев

Сподели го ова:






























По повод 25 годишнината од основањето на Клиниката Жан Митрев, во текот на вчерашниот ден беше потпишан Меморандум за соработка меѓу основачот на клиниката, д-р Жан Митрев и в.д. директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов.

Директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов, рече дека засадувањето 25 000 садници, во соработка со Клиниката Жан Митрев, не е само чекор кон обновување на шумите, туку и директна инвестиција во почист воздух, подобра животна средина и поздрава иднина за сите граѓани.

„Најдобар начин да се вложи во иднината на нашата Република Македонија, покрај останатото, е да пошумуваме. Со тоа, оставаме аманет и за идните генерации – пошумувањето значи повеќе чист воздух и на некој начин претставува и инвестирање во здравството. Големо задоволство ми е што сум овде и се надевам на многу соработки во иднина“, изјави Трајанов.

Во неколку фази, а како симболика на четвртина век постоење, во периодот што следува ќе бидат засадени 25 000 садници, со што уште еднаш, Клиниката Жан Митрев ќе ја потврди својата амбиција и мисија – дека приказната на оваа здравствена установа не е ограничена само на медицината, туку и на општествената одговорност, здравата животна средина, посветеноста кон иднината и зачувувањето на здравјето на граѓаните.

Пошумувањето првично ќе започне во опожарените делови од штипскиот регион. Основачот на Клиниката, д-р Жан Митрев, при потпишувањето на Меморандумот за соработка изјави дека засадувањето 25 000 садници не е само симболичен чин, туку конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на воздухот, создавање поздрава средина и оставање наследство на идните генерации.

„Изминативе 25 години, Клиниката Жан Митрев постави високи стандарди во кардиоваскуларната медицина, но нашата мисија отсекогаш била поширока – да создадеме подобри услови за здрав живот. Здравата животна средина е еден од клучните фактори за кардиоваскуларното здравје, бидејќи загадениот воздух, намалената зелена површина и климатските промени имаат директно влијание врз кардиоваскуларните заболувања“, изјави д-р Жан Митрев.




Сподели го ова:

Слични објави