Медот е “половина здравје”- Во Прилеп, јубилејно 15-то издание на “Фестивалот на медот”

Сподели го ова:


























Со овој фестивал „Медот и пчелните производи, инвестиција во вашето здравје“ – годинава одбележуваме 15 години јубилеј на фестивалот на медот! Добивањето на медот е подарок од природата за сите нас.

Природниот мед претставува единствена нерасиплива храна, која со тек на времето може само да го менува обликот но не и да се расипе. Оваа одлика ја истакнува неговата вредност и потврдува зошто оваа вкусна и здрава намирница била употребувана како природен засладувач уште во праисторијата.

Огромна благодарност до сите присутни учесници, затоа што се трудите да допринесете за подобро здравје кај нашите сограѓани. Здравје во тегла, е она што во овие четири фестивалски денови ќе им го понудите на Прилеп и прилепчани. Упатувам честитки до Пчеларското здружение Братство, како и до сите останати здруженија и самостојни пчелари за оваа организација на фестивалот на медот и се надевам дека заедно ќе ја постигнеме целта, а тоа е да се поттикне производството на мед и да се влијае врз порастот на неговата потрошувачка. Ви посакувам успех во производството и ги поттикнувам сите оние кои што имаат желба да започнат да се занимаваат со пчеларство а на сите наши сограѓани им препорачувам редовно да го консумираат медот и пчелните производи затоа што навистина тоа е инвестиција во нашето здравје – порача прилепсккот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави