ЗА ЗДРАВЈЕ И СПАСЕНИЕ: Од денес започнуваат Божиќните пости, еве што треба да се прави

Сподели го ова:


























Од денес започнува Божиќниот пост кој што ќе трае околу 40 дена. Божиќниот пост е востановен за да верниците во пресрет на Рождеството Христово можат да се очистиат себеси со покајание, пост и молитва, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.

Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост. Сосема јасно е дека во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето, а освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло, и дозволено е само примање на храна без масло, при што во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.

Рибата за време на Божикниот пост е дозволена во саботните и неделните како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Имено, доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло. Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена, потенцираат црковните правила.

Информативниот тим на “STANICA.MK” Ви посакува лесен и богоугоден пост.




Сподели го ова:

Слични објави