Вчера вечерта, црквата св.Петка во нас. Точила беше извор од кој извираше прекрасна духовна музика
Вчера вечерта, на претстојниот празник Покров на Пресвета Богородица и Свети Јован Кукузел, во храмот Света Петка во населбата Точила беше одржан концерт на духовна музика, во изведба на реномираниот естраден уметник Сузана Спасовска.
На концертот учество зедоа протопсалтот м-р Георгиј Секулоски, Бранче Трајкоски, Александар Трајкоски, како и хорот при црковниот храм.
Пред концертот, со почеток во 17:30 беше отслужена и вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Петар.