Љутков: Ќе снимиме игран филм, документарец и ТВ-серија за Тоше Проески
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, соопшти дека ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на Тоше Проески. Оваа одлична вест, наиде на голем број на позитивни реакции.
“Со огромно задоволство најавувам нов проект посветен на животот и делото на нашата легенда, Тоше Проески! Во следните две години, ќе снимиме игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават неговите живот, дело и мисија. Тоше не беше само музичка икона за Македонија, туку и за целиот Балкан, и овој проект ќе има големо регионално значење. Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитализација. Согласноста од семејството на Тоше е потврдена, и ние сме подготвени да ја разоткриеме неговата приказна!“- истакна Љутков.


















