Лишени од слобода возачи во Битола, Прилеп и Крушево, затоа што управувале возила под дејство на алкохол
На 01.02.2026 во 01:05 часот на ул.„Тодор Проески” во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Д.Д.(23) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило ,,голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., при што било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,58 промили алкохол во крвта.

На 31.01.2026 во 18:37 часот на место викано „Стопанство” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода С.Д. (51) од с. Кривогаштани, прилепско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко „фиат” со прилепски регистарски ознаки, при што било констатирано дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3,37 промили алкохол во крвта.
На 01.02.2026 во 02:12 часот на ул. „4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Н.(21) од с.Брусник, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н., при што било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,54 промили алкохол во крвта.
По документирање на настаните ќе бидат поднесени пријави за „безобѕирно управување на возило” по чл. 297-а од КЗ – информира МВР.


















