Ламбе Алабаковски денеска во Основниот суд во Битола, истакна дека постојано добива смртни закани како за него, така и за неговото семејство
Ламбе Алабаковски денеска во Основниот суд во Битола, истакна дека постојано добива пораки со смртни закани како за него, така и за неговото семејство – откако пред повеќе од една година го опожари бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“. Ваквата шокантна изјава Ламбе ја истакна како сведок на Обвинителството, во судењето што во Основниот суд во Битола се води против претседателот на бугарскиот клуб од Битола, Љупчо Ѓоргиевски. Претседателот на клубот е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Алабаковски за време на сведочењето, носеше црна блуза на која беше исцртано македонското знаме.
„Имаше закани и навреди и ден денес има. Најчесто се, по мое мислење, од бугарски граѓани и луѓе кои живеат тука, а се чувствуваат како Бугари или од измислени ботови на Фејсбук и Инстаграм, кои најчесто ги добивам во директна порака со смртна закана кон мене и кон моето семејство“, истакна Алабаковски.