Крушево со снежна покривка од 15 см
Врз основа на информациите од УХМР, утрово беа измерени -6 степени во Скопје Петровец, -5 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, -4 Битола, Велес, Куманово, Попова Шапка, -3 Тетово, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, -2 Лазарополе, -1 Гевгелија, Прилеп, 0 Охрид, Претор, 1 Виница, Дебар, Маврови Анови, како и 2 степена во Крушево.

Висината на снежната покривка на скијачките центри изнесува: 44 сантиметри на Попова Шапка, 15 во Крушево и 5 во Лазарополе.
















