Нов асфалт на патниот правец Р2339 кај с.Бучин, кој ги поврзува Прилеп, Битола, Крушево и Д.Хисар
На овој патен правец во тек се градежни активности за санација на коловозот со нов асфалтен слој. Селото Бучин се наоѓа во општина Крушево, и претставува раскрсница помеѓу градовите Крушево, Демир Хисар, Битола и Прилеп бидејќи низ него поминува асфалтен пат кој ги поврзува. Тоа е патниот правец Р2339 кој ги поврзува и Ново Лагово-Обршани-Бучин-Граиште.

На овој патен правец во тек се градежни активности за санација на коловозот со нов асфалтен слој и со претходно крпење на поголеми слегнати и ударни дупки на делницата од Бучин кон село Света во должина од 5.200 метри и со ширина од 5,6 метри. Предвидената вредност за санација изнесува 30 милиони денари, а градежните активности ги изведува Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Патното поврзување помага во спречување на изолацијата на руралните заедници, а добро поврзаните рурални области се поатрактивни за инвеститорите, што може да доведе до подобри услови за локален развој, како што се нови работни места и економски можности.














