Крушево се буди! Секој ден, сѐ повеќе луѓе застануваат зад Нико Чонески – порачуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево
Крушево го има својот човек Нико Чонески!
Секој ден, се повеќе луѓе застануваат зад Нико, затоа што веруваат во чесност, работа и љубов кон родниот град. Се чувствува енергијата, се гледа надежта во очите на луѓето, Крушево се буди!
Нико не е само кандидат ,тој е наш сосед, наш пријател, човек кој секогаш е тука кога треба.
И затоа поддршката што ја има е огромна, искрена и од срце.

Пред вториот круг, сите сме обединети околу една цел , победа за подобро, поубаво и посилно Крушево!
Да покажеме дека кога Крушевчани се сплотени, нема сила што може да не сопре!
Во недела – сите за Нико Чонески!
За иднина што ја градиме заедно, со срце и со љубов!
Број 9 !
За Нико Чонески! – известуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево.


















