| |

Крушево оваа година ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата – 2023“

Сподели го ова:


























Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2023 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На конкурсот беа пријавени и општините Струга и Маврово-Ростуше.

По извршената евалуација на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крушево понуди богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Во програмата се содржани 62 проекта од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори – колку од ова ќе се исполни, останува да видиме!




Сподели го ова:

Слични објави