Денес во центарот на Прилеп започна асфалтирањето на улицата Архиепископ Доситеј
Денес започна асфалтирањето на улицата Архиепископ Доситеј, во самиот центар на Прилеп.
Со оваа интервенција се обезбедуваат подобри услови за сообраќај, поголема безбедност и поквалитетна урбана слика за прилепчани.

Остануваме посветени на модернизација на уличната инфраструктура и унапредување на животниот стандард во секој дел од градот – порачуваат од Општина Прилеп.


















