Крушево беше претесно за да ги собере сите македонци кои беа на предавањето од Отец Предраг
Вчера на 31.03.2024 во црквата св.Никола во центарот на Крушево Отец Предраг одржа предавање на тема: “Невидлива борба”. Имено, предавањето беше веднаш после вечерната литургија во храмот св. Никола во центарот на Крушево.

На предавањето присуствуваа голем број на верници, како од Пелагонија, така и од цела Македонија. Отец Предраг ужива голема почит меѓу верниците, давајќи им редовно совети за негување на духовноста, меѓутоа и практични совети кои што на народот му помагаат да се надминат секојдневните проблеми.


















