Крушевскиот градоначалник Чонески: Нека овој голем христијански празник донесе мир, здравје и благосостојба во вашиот дом
Крушевчани денеска во чест на празникот и црковната слава на црквата св. Никола во Крушево, уште од рано утрово пристигнаа во овој прекрасен црковен храм кој се наоѓа во центарот на Крушево, за да си запалат свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски, молејќи му се на големиот светител св. Никола. Утрово, во црквата онакак акко што доликува, беше и таткото на градот, градоначалникот Нико Чонески заедно со неговата сопруга, кои присуствуваа на деешната света литургија во храмот св. Никола во центарот на Крушево.

“Честит празник Свети Никола! Нека овој голем христијански празник донесе мир, здравје и благосостојба во вашиот дом. Нека Свети Никола, заштитникот на патниците, морепловците и сите добри луѓе, ве чува од секакво зло и ве води по патот на добрината, човечноста и меѓусебното разбирање. Нека домот ви биде исполнет со љубов, топлина и радост, трпезата благословена, а срцата отворени за споделување и помагање, како што нè учи и самиот светец. Нека овој ден биде повод за сплотеност, благодарност и надеж за подобри денови. На многаја и блага лета!” – порача градоначалникот Нико Чонески.















