Ковачевски не може да обезбеди Слупчане да плаќа струја, а не пак да обезбеди европска иднина – истакна Стоилковски

Сподели го ова:


























“Ковачевски не може да обезбеди Слупчане да плаќа струја, а не пак да обезбеди европска иднина”, беше истакнато меѓу другото на денешната прес конференција на Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски не може да обезбеди едно село како Слупчане да  плаќа струја и да се постават струјомери на сите куќи, а не пак да обезбеди европска иднина, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан дали премиерот Димитар Ковачевски може да обезбеди европска иднина.Стоилковски побара Ковачевски да обезбеди консензус за плаќање на струја, да се постават современи струјомери, пред да зборува за национален консензус.-Епска драма приреди во Слупчане.

Нека обезбеди консензус за плаќање на струја, само во едно село, да не се краде струја, да се постават современи струјомери, пред да зборува за национален консензус!Човекот купува време за да се докраде се што може како власт.Стоилковски порача:-Единствено за што е возможен консензус е консензус за предвремени избори! – истакна Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави