РАБОТАТА Е СЕРИОЗНА! Се обиделе да го поткупат Мицкоски, а тој веднаш случајот го пријавил кај надлежните институции

Сподели го ова:


























Како што истакна премиерот Мицкоски, имало обид да биде поткупен од страна на некои лица за Коридорот 8, при што веднаш после тоа, самиот тој за овој случај ги информирал сите надлежни институции.

Лично кажувам, пред целата македонска јавност, дека за Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со што јас како премиер би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација што истекува на 17 септември. Затоа кажав дека се додека сум премиер, нема да го прифатам овој тендер. Завршија времињата на таков тип комуникација со претседателот на Владата, можеби со некои други имало така, со овој нема така. Сите институции кои треба да бидат информирани, се информирани. Нормално дека тоа не оди транспарентно и со докази, преку документ. Се знае дека тоа е канал за комуникација, но сум доволно искусен за да предвидам дека целта на соговорникот е таа за која зборував – истакна Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави