КОЈ МУ ДАЛ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА: Автомобил удри во 49 годишна прилепчанка, при што и нанесе тешки телесни повреди

Вчера, на 22.08.2022 во 11.30 часот во ОВР-Прилеп, била добиена пријава дека на прилепската улица „Васко Карангелески“, патничко моторно возило „фолксваген голф” кое било со прилепски регистарски ознаки, удрило во В.А.(49) од Прилеп. Возилото било со приколка, и било управувано од страна на Д.Т.(59) од Прилеп.
Од ударот, В.А. се здобила со тешки телecни повpeди кои биле конcтатиpaни во Градска болница Прилеп. Веднаш после несреќата, ОВР Прилеп извршила увид на лице место.