ПРИЛЕП: Ваквата акција треба да се поздрави, меѓутоа дали во Западна Македонија каде најмногу се пука со оружје на семејните прослави, се спроведуваат вакви акции??
Денеска (23.08.2022) беше реализирана превентивна активност под мотото– “Слави со срце, не со оружје“ на подрачјето на СВР Битола. Целта на оваа активност е афирмацијата на совесното и одговорно однесување на граѓаните при разните прослави и веселби, без употреба на оружје или други пиротехнички материјали, затоа што употребата на оружје може да има тешки последици, односно директни закана по здравјето и животот на граѓаните.
Ваквата акција треба да се поздрави, меѓутоа дали во Западна Македонија каде најмногу се пука со оружје на семејните прослави, се спроведуваат вакви акции??
Активностите се реализираа на повеќе локации низ градовите, пред неколку угостителски и услужни објекти, во централното градско подрачје. Притоа, полициски службеници разговараа и им укажуваа на граѓаните за ризиците од употребата на оружјето при прослави и веселби, ги информираа за законските норми што го санкционираат таквото поведение и секако за опасностите од употребата на оружјето. Истовремено на граѓаните во насока на дополнително едукативно-информативно запознавање им беа делени информативни печатени материјали, а се со цел подигање на нивото на совесност и почитување на позитивната законските регулативи.
На граѓаните, исто така, им беше укажано дека огнометите треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки.
Пукањето се санкционира по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). Одделението за превенција при СВР Битола со ваквите активности.