Михаилов: Во Прилеп синоќа дрвокрадци предизвикаа судар со возило на шумската полиција!
“Во Прилеп синоќа повторно дрвокрадци камикази и повторно намерно судар со службено возило на шумската полиција! Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп. На местото доцна во ноќта извршила увид и фотографирање увидна екипа од МВР.
Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството.Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба да им објасниме на овие луѓе” – истакна заменик Генералниот Директор на ЈП Македонски шуми, Кире Михаилов.
















