Утре, ден на жалост во Општина Прилеп
Поради трагичниот настан, Советот на Општина Прилеп вечерва одржа вонредна седница и донесе Одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп.
Согласно одлуката утрешниот ден, петок 4 октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост!
Утре се откажуваат сите културни и спортски манифестации во општината, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот ќе бидат поставени на половина копје.
Општина Прилеп апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за утре, а угостителските објекти и локалните радиодифузери да ја прилагодат музиката според одлуката.
Вечна им слава!
Нека почиваат во мир!