Ќе има нови измени во законот – На тротинет само со наполнети 18 години

Сподели го ова:





























Електричните тротинети ќе може да ги возат само оние лица кои ќе бидат постари од 18 години, а во однос на максималната брзина на возење таа ќе се ограничи на 20 километри на час. Станува збор за новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот на предлог на мнозинството во парламентот, кој Собранието го стави на дневен ред на денешната седница.

Исто така и казните за непочитување на законот ќе бидат драстично поголеми. Имено, освен глоба ќе има и т.н. привремено одземање на тротинетот во временски период од 30 дена.




Сподели го ова:

Слични објави