ЌЕ ИМА ЛИ ПОСКАПУВАЊА? Од денес престанува да важи владината одлука врз основа на која беа замрзнати цените на основните производи

Сподели го ова:


























Точно од денес 01.06.2023 година престанува да важи владината одлука врз основа на која беа замрзнати цените на дел од земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, маслото за јадење, јајцата, брашното, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Исто така се одмрзнуваат и цените на тоалетната хартија, пелените, влажните марамчиња и хигиенските влошки.

Надлежните институции истакнуваат дека поскапувања на овие производи нема да има – меѓутоа дали тоа ќе биде така или пак повторно граѓаните ќе купуваат по повисики цени – останува да видиме.




Сподели го ова:

Слични објави