Ужас! Млад битолчанец со својот “Опел” удри во 62 годишна битолчанка, која е веднаш пренесена во битолската болница
На 20.11.2025 во 20:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Карпош“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В.(30) од Битола, удрило во 62-годишната С.Ѓ. од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ., констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола – информира МВР.
















