Ќе биде ли вака некогаш повторно за 8-ми септември? Вака порано граѓаните го славеа денот на Независноста на Република Македонија
Вака порано граѓаните го славеа денот на Независноста на Република Македонија. Со песни, игри, ора и меѓусебна сплотеност граѓаните на нашата земја секоја година го славеа денот на Независноста на Република Македонија.
Колку за потсетување на 08.09.2011 во Скопје, десетици илјади македонски граѓани беа сплотени “како едно” на големата прослава по повод две децении македонска независност. Тоа беше периодот каде гордо се вееја македонски знамиња, а паралелно на тоа се пееја македонски песни, се испраќаа моќни пораки, а народот беше горд на своето, и цврсто бранеше се што е македонско без никакви отстапки и никакви искучоци.
Ќе биде ли вака некогаш повторно за 8-ми септември?