“Карневалски Прилеп”, по 25-ти пат успешно докажа дека Прилеп е градот на карневалската магија!
25 години Карневал „Прочка“ – 100 години „Прилепски мечкари“!
Драги прилепчани,
Прилеп живееше во овие два карневалски денови, со детското дефиле вчера и со централното карневалско дефиле денеска. Градот пулсираше во ритамот на традицијата, радоста и заедништвото.
Годинава одбележавме голем двоен јубилеј, 25 години Карневал „Прочка“ и 100 години од нашите „Прилепски мечкари“, симболот на карневалот и гордоста на Прилеп. Ова не е само манифестација, ова е идентитет, култура и вековна традиција што ја негуваме и ја пренесуваме на новите генерации.
“Со особена чест можам да истакнам дека успешно го вративме меѓународниот карактер на карневалот. Му благодарам на претседателот на FECC, Ларс Алгел, како и на претставниците на сите македонски и европски градови кои беа дел од ова јубилејно издание. Прилеп повторно покажа дека е достоен домаќин!
Маската „Прилепски мечкари“ останува наше нематеријално културно наследство и симбол на истрајноста, автентичноста и духот на нашиот народ. Горди сме што оваа традиција веќе цел век живее и се развива.
Им честитам на наградените учесници на Меѓународниот карневал „Прочка“ 2026. Благодарам до сите кои придонесоа за беспрекорната организација, на општинската администрација, училиштата, институции, жири комисијата, нашите водители, здруженијата, волонтери и сите граѓани. Ова е заеднички успех на целиот град. Прилеп живееше овие денови, со насмевка, традиција и со гордост!
” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

ГРАН ПРИ:
„Весела фарма“ – ООУ „Добре Јованоски“
Детски карневал:
„Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот“ – ООУ „Кочо Рацин“
„Шах-Мат“ – ООУ „Рампо Левката“
„Јинг Јанг“ – ООУ „Кире Гаврилоски Јане“
Возрасни групни маски:
„Пепелашка на карневал“ – Зодијак
„Прилепска златна кралица“ – СОУ „Ѓорче Петров“
„Врховниот совет на смарагдите“ – Здружение за развој и едукација
Поединечни маски:
Детска: „Gothic girl“ – Мидеа
Возрасни: „Puxelstar“ – Мила Спиркоска


















