КАНЕО: Утре, оваа прекрасна црква во Охрид ја празнува својата слава посветена на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов
Утре, црква св. Јован Богослов во Канео – Охрид ја празнува својата слава посветена на овој свет апостол и евангелист – Јован Богослов. На заповед од Господ, св Јован Богослов после раснувањето на Исус Христос на Крстот, и беше како син на Пресветата Дева, кој грижливо и служеше и Ја чуваше се до Нејзиното успение.

Оваа црква во Канео има една посебна нагласена модификација на комненските елементи, што помага за поблиско определување на хронологијата. Денеска, оваа црква има зачувано еден прилично добар дел од своите првобитни фрески, без разлика на фактот што во црквата се извршени некои модификации.

















