Кај Алданци утрово спектакуларен грабеж на масло од марихуана во пазарна вредност од околу 5 милиони долари
Кај Алданци утрово спектакуларен грабеж на масло од марихуана во фабриката „Фајв Литерс“. “Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето бомбите и муницијата во СВР Охрид-може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана“ – истакна пратеникот Драган Ковачки на својот Facebook профил. Според сеуште непотврдени информации, станува збор за 108 шишиња масло од канабис, од кои што дури 93 биле по 1000 милилитри-во пазарна вредност од околу 5 милиони долари.
За да се дојде до маслото во самата фабрика, треба да се помине големиот безбедносен коридор, при што се поставува прашањето како крадците пристигнале до него и како ја поминале висока жичана ограда, обезбедувањето, алармните системи, огромниот број на безбедносни камери…Се претпоставува дека крадците влегле во фабриката некаде во периодот од 18.30 часот на 18.04.2022 до 06.30 часот на 19.04.2022.