АИРЛИЈА! УШТЕ ЕДЕН НОВ ПРОЕКТ Е РЕАЛИЗИРАН ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП


Поставени се фотоволтаици и термални колектори на Домот за стари лица, „Киро Крстески-Платник“, инвестиција од над 6 700 000 денари, преку регионален проект на Пелагонискиот плански регион!
“Како локална самоуправа, чии приоритети се: намалување на трошоците, заштеда на енергија, заштита на животната средина, енергетска ефикасност и користење обновливи извори за енергија, во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник” од неодамна се поставени фотоволтаици и 30 термални колектори, надополнети со термална пумпа. Со тоа сега е обезбедена константна топла вода за потребите на оваа институција.
Проектот е дел од регионалниот проект „Зајакнување на институциионалните капацитети во Пелагонискиот регион за подобрување на социјалните услуги и заштитата на животната средина“ кој беше аплициран во текот на 2022 година од страна на Општина Прилеп и Јавната општинска установа а беше реализиран преку Пелагонискиот плански регион и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, и чини 6 748 940 денари. Ние како Општина обезбедивме и стручен надзор над изведбата од страна на Јавното Претпријатије за Просторно и Урбанистичко Плнирање .
Инвестицијата направена тука, ќе генерира заштеда и подобрување на условите и социјалните услуги на старите лица кои живеат во домот. Домот е навистина сериозен потрошувач на енергија. Според нашите анализи, од сите институции кои се во надлежност на општината, оваа институција е една од најголемите потрошувачи на енергија ( прва меѓу нив е пречистителната станица ). Затоа одлучивме, токму тука да инвестираме заради подобрување на квалитетот на животот на корисниците, заради заштеда на енергија и намалување на трошоците, бидејќи оваа институција константно работи 24 часа дневно, 365 дена во годината.
Упатувам благодарност до целокупниот тим што го реализираше и сите што го поддржаа овој значаен проект, до директорот на Домот за стари лица, до претседателот на Советот и советниците, до нашата општинска администрација, до Пелагонискиот регион и сите останати институции.
Почитувани, ова е само еден од многуте реализирани и планирани проекти. И понатаму како Локална самоуправа ќе продолжиме да вложуваме и да инвестираме во подобрување на условите за развој на секоја институција поединечно, и ќе настојуваме преку нови проекти да ги подобриме условите и во урбаниот и во руралниот дел на општината за сите наши сограѓани” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.