И годинава беше весело во битолско Јенимаале каде се одржува фестивалот „Весел Петок“,

Сподели го ова:





























Традицијата и годинава продолжи во населбата Јенимаале каде се одржува тридневниот фестивал „Весел Петок“, со кој се одбележува празникот Источен Петок – Балаклија или познат како Градски – Селски Велигден.

Детскиот фолклорен фестивал „Весел Петок“ го организира КУД „Илинден“ и претставува вистинска прослава на традицијата, детската радост и фолклорното богатство.

Фестивалот започна вчера во малото училиште на ОУ „Даме Груев“, а продолжи денеска со дефиле низ Јенимаале и пригодна програма на долното средсело.




Сподели го ова:

Слични објави