Николоски: Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола

Сподели го ова:





























Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града – истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Исто така, министерот посочи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во транспортот на стоки.

„Ќе има меѓуградски воз – помеѓу двата града во соодветни термини кои што најмногу ќе одговараат на граѓаните. Ќе биде тоа една симболична цена од 150 денари за да можат што повеќе граѓани да го користат“ – рече Николоски.




Сподели го ова:

Слични објави